ПАЈАКОТ ЌЕ КРЕВА КОЛИ И НАВЕЧЕР ЗА ДА СЕ РЕШИ ХАОСОТ ОКОЛУ КАФЕАНИТЕ ВО СКОПСКО ДЕБАР МАAЛО И КАПИШТЕЦ

    ПАЈАКОТ ЌЕ КРЕВА КОЛИ И НАВЕЧЕР ЗА ДА СЕ РЕШИ ХАОСОТ ОКОЛУ КАФЕАНИТЕ ВО СКОПСКО ДЕБАР МАAЛО И КАПИШТЕЦТретата лента на булеварот Партизански одреди, каде што има кафулиња, секоја вечер е блокирана од коли. (Фото: СДК.МК)

    Од викендов пајакот на ЈП „Паркинзи Општина Центар“ ќе крева коли до еден часот по полноќ. Од претпријатието велат пајаците ќе патролираат низ најфрекфентните локации во Дебар Маало и Капиштец.

    „Досега пајакот работеше до 22 часот. Граѓаните од Дебар Маало и Капиштец каде се кафулињата секојдневно се жалат дека навечер улиците се блокирани од возила. Оваа акција ја започнуваме да се воведе ред во сообраќајниот хаос, да се намали нередот во доцните часови“, како и да се ослободат паркинг местата на жителите од овие населби. велат од „Паркинзи Општина Центар“.

    Пајак службата на Општина Центар ќе патролира низ општинските улици, додека на градските како што е булеварот Партизански одреди, ќе интервенира ЈП „Градски паркинг“. На Партизанска секој вечер, таму каде што има кафулиња, третата лента е окупирана од коли. Истото е и пред ТЦ „Мавровка“.

    А. АНТЕВСКА

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари