ПАНОРАМСКИОТ ЛИФТ СЕГА НЕ Е УБАВ ОТИ СЕ ГРАДИ, АМА ЌЕ ГО РАЗУБАВИ ГТЦ, ВЕЛИ ДИРЕКТОРОТ ТРАЈЧЕВСКИ

    ПАНОРАМСКИОТ ЛИФТ СЕГА НЕ Е УБАВ ОТИ СЕ ГРАДИ, АМА ЌЕ ГО РАЗУБАВИ ГТЦ, ВЕЛИ ДИРЕКТОРОТ ТРАЈЧЕВСКИКружното скалило е симбол на ГТЦ, легендарен објект на македонската современа архитектура и обележје на Скопје, а директорот Ѓоко Трајчевски смета дека панорамскиот лифт спроти скалилото нема да го наруши изгледот туку, напротив, ќе му даде атрактивност на објектот. (Фото: К. Попов)

    На влезот во Градскиот трговски центар (ГТЦ) од кај Портата, спроти кружното скалило кое е симбол на овој легендарен објект на македонската современа архитектура и обележје на Скопје,  се гради панорамски лифт. Директорот на ГТЦ Ѓоко Трајчевски за САКАМДАКАЖАМ.МК вели дека лифтот првенствено ќе биде наменет за лица со инвалидитет и мајки со деца.

    Тој смета дека панорамскиот лифт нема да го наруши изгледот на ГТЦ туку, напротив, ќе му даде атрактивност на објектот. Изведбата на лифтот чини 4 милиони денари (околу 65.000 евра).

    „Нормално дека сега не изгледа убаво бидејќи се гради. Не е наменет само за зелениот покрив туку ќе има пристап до подрумот, приземје, прв кат и на покривот. Потребно е вакво нешто, бидејќи лифтови има само на средина во трговскиот кои се многу користени. ГТЦ мора да се развива“, вели Трајчевски.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира