„ПАРКИНЗИ ЦЕНТАР“ КУПИ 4 ЕЛЕКТРИЧНИ КОЛИ СО КОИ ЌЕ СТАВА БЛОКАТОРИ ЗА НЕПРОПИСНО ПАРКИРАЊЕ

    „ПАРКИНЗИ ЦЕНТАР“ КУПИ 4 ЕЛЕКТРИЧНИ КОЛИ СО КОИ ЌЕ СТАВА БЛОКАТОРИ ЗА НЕПРОПИСНО ПАРКИРАЊЕКонтролорите на терен откако ќе регистрираат неправилно паркирано возило, ќе ги повикуваат колегите со блокаторите. Казната за поставен блокатор е 1.200 денари.(Фото: СДК.МК)

    Со четири електрични коли ЈП „Паркинзи Општина Центар“ ќе патролира низ општината и ќе става блокатори на непрописно паркирани возила. Казнувањето ќе стартува од 10 април на паркинзите за резиденти, а сега контролорите ставаат само опомени кои ги лепат на возилата.

    „Имаме многу поплаки од граѓаните кои не можат да се паркираат на нивниот паркинг од други возила кои не се на станари. Затоа стартуваме со поставување блокатори. Казната за поставен блокатор е 1.200 денари. Доколку не си ја плати казната во рок од два часа, ќе биде повикан пајак и ќе го подигне. Прво почнуваме во Дебар Маало и Градски парк. Од 10 април буквално ќе имаме инвазија на овој дел, за да ги ослободиме паркинзите на станарите, а потоа продолжуваме во Буњаковец и Капиштец“, вели Васко Кичевски, директор на ЈП „Паркинзи Општина Центар“.

    Казнувањето ќе стартува од 10 април на паркинзите за резиденти, а сега контролорите ставаат само опомени кои ги лепат на возилата- директорот на „Паркинзи Центар“ Васко Кичевски.(Фото: СДК.МК)

    Контролорите на терен откако ќе регистрираат неправилно паркирано возило, ќе ги повикуваат колегите со блокаторите. Оваа акција претпријатието ја спроведува со цел да воведат ред во паркирањето.

    „Секој ден има проблеми, доаѓа дури и до физички пресметки оти некој му се паркирал пред врата на станар. Граѓаните мораат да разберат дека во резиденцијалните паркинзи може да се паркираат само станарите на околните згради. Значи жител на Капишец не може да се паркира на место за резиденти во Дебар Маало и обратно, туку само во комерцијалните паркинзи на претпријатието“, додава Кичевски.

    Од претпријатието велат дека најголем проблем со неправилно паркирање на места за резиденти имаат кај втората Боемска улица. Таму освен што се паркираат на резиденцијалните паркинг места, колите ги остaваат и на Боемска улица, па секој ден има искршени столпчињата.

    За улиците каде не може да влезе пајак службата како што е улица Македонија, од претпријатието велат дека ќе купат ново возило кое ќе биде помало и ќе може да подигнува возила од тесни улици и пешачки зони.

    А. АНТЕВСКА

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира