СО ПАРТИСКИ, А НЕ СО ОПШТИНСКИ ПАРИ ЌЕ ЈА СЛАВИМЕ ПОБЕДАТА ВО ГАЗИ БАБА, ВЕЛИ ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ГЕОРГИЕВСКИ

    СО ПАРТИСКИ, А НЕ СО ОПШТИНСКИ ПАРИ ЌЕ ЈА СЛАВИМЕ ПОБЕДАТА ВО ГАЗИ БАБА, ВЕЛИ ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ГЕОРГИЕВСКИ„Сакаме да направиме мал прием за луѓето кои работеа во предизборната кампања, да се видам со сите што дадоа придонес и да им се заблагодарам на поддршката“, вели Георгиевски-Градоначалникот Борис Георгиевски со премиерот Зоран Заев прават самослик на митинг во Гази Баба пред вториот изборен круг(Фото:Фејсбук)

    Градоначалникот на Општина Гази Баба Борис Георгиевски вечерва во кафеана ќе ја слави победата на СДСМ на локалните избори во оваа скопска општина. Како што стои на поканата, за прославата на големата победа во Гази Баба, гостите ќе ги забавува Бени Нон Стоп, а ќе се одржи од 20 часот во ресторанот „Гранд гарден“, поранешно „Велково меанче“.  

    Прославата, како што вели Георгиевски за САКАМДАКАЖАМ.МК, ја организира изборниот штаб на СДСМ во Гази Баба и нема да се плаќа од општински пари, туку од партиски.

    Општината не е вклучена во организацијата. Целиот настан е после работното време. Сакаме да направиме мал прием за луѓето кои работеа во предизборната кампања, да се видам со сите што дадоа придонес и да им се заблагодарам на поддршката. Од обврски за вториот изборен круг и преземањето на градоначалничката функција, немавме време порано да прославиме. Нема да се трошат општински пари, не планираме за партиски активности да се даваат средства од буџетот, ниту сега, ниту во иднина“, вели Георгиевски.

    На локалните избори сегашниот градоначалник од СДСМ Борис Георгиевски во вториот круг го победи кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ Тони Трајовски, кој беше градоначалник претходните два мандати.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира