ПАРТИЗАНСКИ СПОМЕНИЦИ, ПЛАКЕТИ И МЕДАЛИ ПРЕТСТАВЕНИ НА ИЗЛОЖБАТА „80 ГОДИНИ СЛОБОДНА БИТОЛА“

    ПАРТИЗАНСКИ СПОМЕНИЦИ, ПЛАКЕТИ И МЕДАЛИ ПРЕТСТАВЕНИ НА ИЗЛОЖБАТА „80 ГОДИНИ СЛОБОДНА БИТОЛА“Автори на изложбата се историчарите Евгениј Литовски и Филип Талевски, а дизајнот е на Моника Нолева. (Фото: СДК.МК)

    Партизански споменици, плакети, медали на првоборците Никола Георгикоски-Никлец и Панде Кајзеро, донирани од нивните семејства, беа претставени на изложбата „80 години слободна Битола“ што по повод 4 Ноември ја подготви Завод и Mузеј од Битола. Изложбата содржи и многу фотографии и информации за бригадите и партизанските одреди кои учествувале во ослободувањето на градот во 1944, од влегувањето на Седмата македонска бругада во Битола, народните митинзи на 7 ноември во слободна Битола на кои се фотографирани и командантот Михајло Апостолски и првиот претседател на Президиумот на АСНОМ Методија Андонов-Ченто, народните херои, партизани и други историски материјали.

    Предметите од првоборците Никола Георгикоски-Никлец и Панде Кајзеро, донирани од нивните семејства, беа претставени на изложбата „80 години слободна Битола“. (Фото: СДК.МК)

    Автори на изложбата се историчарите Евгениј Литовски и Филип Талевски, а дизајнот е на Моника Нолева.

    „Овие луѓе се бореа за национална слобода и борба против окупаторот, но како што денес работи историскиот ревизионизам, гледаме дека вториот сегмент од нивната борба се‛ повеќе сѐ заборава, а тоа е борбата за социјална слобода“, рече Литовски.

    За слободна Македонија во Втората светска војна загинале 266 борци од Битолско.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира