ПАТОТ КОН СКОПСКИ ТЕФЕРИЧ СО МЕСЕЦИ СТОИ РАСКОПАН, ОД СВЛЕЧИШТЕТО ПАЃААТ ПАРЧИЊА ЗЕМЈА И КАМЕЊА

    ПАТОТ КОН СКОПСКИ ТЕФЕРИЧ СО МЕСЕЦИ СТОИ РАСКОПАН, ОД СВЛЕЧИШТЕТО ПАЃААТ ПАРЧИЊА ЗЕМЈА И КАМЕЊАГрадоначалникот на Општина Кисела Вода Филип Темелковски вели дека градежните работи се прекинати бидејќи се менувал проектот и најавува дека утре ќе продолжи реновирањето на овој пат. (Фото: СДК.МК)

    Патот кој води кон скопската населбата Теферич со месеци стои раскопан, со дупки и прокопи. Пред неколку месеци почнаа градежни работи за реконструкција на овој пат, но за кратко време беа прекинати и сега жителите на Кисела Вода и Сопиште секој ден возат по дупки и прокопи. Дополнителен проблем е свлечиштето кои е на дел од патот, па при секој дожд, земја и камења паѓаат на патот.

    „Колите ги искшивме возејќи по дупки. Кога врне овој пат е небезбеден. Од свлечиштето паѓаат парчиња земја и камења, никој не го заштитува, а со години бараме да се реши овој проблем“, велат жителите на Кисела Вода и Сопиште.

    Градоначалникот на Општина Кисела Вода Филип Темелковски вели дека градежните работи се прекинати бидејќи се менувал проектот и најавува дека утре ќе продолжи реновирањето на овој пат.

    „Овој проект го спроведува Бирото за регионален развој, тие го распишале тендерот и избрале изведувач. Имаше прекин оти се вршеше промена на проектот. По барање на жителите во долниот дел патот ќе биде проширен. Очекуваме за 40 дена првиот дел од патот да биде завршен, а потоа ќе се продолжи во горниот дел каде се наоѓа и свлечиштето. Таму има подземни води и дива депонија, па затоа се случува лизгање на земјиштето. Ќе ја исчистиме депонијата и ќе го заштитите свлечиштето“, вели Темелковски.

    А. АНТЕВСКА

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира