ПАТРОНАЖНА СЛУЖБА ВО ГАЛИЧНИК ЗА ЛЕТНИОТ ПЕРИОД

    ПАТРОНАЖНА СЛУЖБА ВО ГАЛИЧНИК ЗА ЛЕТНИОТ ПЕРИОДПатронажната служба еднаш неделно ќе минува низ Галичник во текот на летото доколку им е потребна некаква здравствена услга на луѓето, велат од Министерство за здравство (Фото:СДК.МК)

    Патронажна служба од лекар и медицинска сестра ќе почне со работа од 5 јули во Галичник, соопшти Министерството за здравство.

    „Во наредните 3 месеци, па се до крајот на летната сезона, овој мобилен сервис ќе ротира секој петок во Галичник од Здравствен Дом Ростуше, во периодот од 9 до 14 часот, во една од просториите во ‘Вила Доста’“, велат од Министерството за здравство.

    Од Министерството за здраство велат дека оваа патронажна служба ќе работи во летните месеци, а го отвораат на предлог на Здравствен дом Ростуше.

    „Ова го релизираме на предлог на Здравствен дом Ростуше, од каде сами ни предложија да има патронажна служба која ќе работи во летниот период, и на луѓето кои ги користат одморите и доаѓаат во Галичник да им се најдат доколку им е потребна одредена здравствена услуга“, велат од Министерството за здравство.

     

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари