ПЕНА И ВАРДАР ПОРИБЕНИ СО 100 КИЛОГРАМИ ПОДМЛАДОК НА ПАСТРМКА

    ПЕНА И ВАРДАР ПОРИБЕНИ СО 100 КИЛОГРАМИ ПОДМЛАДОК НА ПАСТРМКАПорибувањето го изврши друштвото „Риболовец Вардар“ од Брвеница (Фото: СДК.МК)

    Во Пена и Вардар денеска се пуштени 100 килограми подмладок на речна пастрмка. Порибувањето го изврши концесионерот на водните површини од овој регион, друштвото „Риболовец Вардар“ од Брвеница.

    „Порибувањето на Вардар и Пена спаѓа во годишниот план на ‘Риболовец Вардар‘. Порибувањето го вршиме со подмладок на речна пастрмка, бидејќи во Пена егзистира само овој вид риба. Јас немам слушнато дека досега било извршено порибување на Пена, па затоа и решивме да го направиме овде. Во Пена ќе бидат пуштени 50 килограми млада пастрмка, а иста толкава количина ќе пуштиме и во Вардар кај Брвеница. До април има забрана за риболов, па се надеваме дека рибите што ги пуштаме ќе имаат доволно време да опстанат и да ја добијат потребната големина“, велат од друштвото.

    Концесионерот бара помош од комуналните инспектори на општините да работаат на отстранување на ѓубрето што се фрла во реките. Загаденоста на Пена е голема, но состојбата со Вардар кај Брвеница е далеку полоша и таму целото крајбрежје е претворено во депонија, велат концесионерите.

    З. АНДОНОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира