ПЕТ КАЗНИ И 10 ОПОМЕНИ ПИШАЛЕ ВЧЕРА ИНСПЕКТОРИТЕ ОД ГРАД СКОПЈЕ ЗА ФРЛАЊЕ КАБАСТ ОТПАД

    ПЕТ КАЗНИ И 10 ОПОМЕНИ ПИШАЛЕ ВЧЕРА ИНСПЕКТОРИТЕ ОД ГРАД СКОПЈЕ ЗА ФРЛАЊЕ КАБАСТ ОТПАДАкцијата викендов се одвива во населбите Чаир и Козле каде нејчесто се создаваат мини депонии од кабаст отпад. (Фото: Град Скопје)

    Пет казни и десет опомени пишале инспекторите на Град Скопје и вработените во „Еко патрола“ на граѓани кои фрлале кабаст отпад на јавна површина. Викендов, инспекторите спроведуваат акција за казнување и едуцирање на граѓаните на булеварот Цветан Димов во близина на џамијата Јаја Паша во Чаир и во Козле на улицата Јуриј Гагарин. Овие локации се одбрани бидејќи таму најчесто се одлага кабаст отпад.

    „Казнети беа 5 граѓани, а на 10 им изрековме опомени. Фрлањето на кабаст отпад покрај контејнерите е голем проблем со кој секојдневно се соочуваме и затоа во наредиот период ќе спроведуваме вакви акции, со цел да спречиме создавање мини депонии и граѓаните да сфатат дека кабастиот отпад не може да го фрлаат покрај контејнерите“, велат од Инспекторатот на Град Скопје.

    Кабастиот отпад може бесплатно да се одложи на пунктовите за рециклирање на ЈП „Комунална хигиена“ во Карпош 3 и на Вардариште. Ако не можат самите да го транспортираат, јавното претпријатие нуди услуга за подигнување и транспортирање кабаст и електричен отпад. Според ценовникот, подигнување и транспортирање кабаст отпад внатре од домот чини 2.800 денари, изнесување од пред врата 2.000 денари, а изнесување кабаст отпад без работници, односно користење само на возилата на претпријатието чини 1.600 денари.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира