ПЕТАР ГЕОРГИЕВСКИ-КАМИКАЗА НАЈАВИ КАНДИДАТУРА ЗА ГРАДОНАЧАЛНИК НА СКОПЈЕ СО ПОДДРШКА НА ЛЕВИЦА

    ПЕТАР ГЕОРГИЕВСКИ-КАМИКАЗА НАЈАВИ КАНДИДАТУРА ЗА ГРАДОНАЧАЛНИК НА СКОПЈЕ СО ПОДДРШКА НА ЛЕВИЦАГеоргиевски вели дека тој е независен кандидат, но нема да собира потписи поради пандемијата на ковид-19, а неговата кандидатура ќе биде поднесена преку партијата Левица. (Фото: К. Попов)

    Музичарот и член на групата „Меморија“ Петар Георгиевски-Камиказа најави кандидатура за градоначалник на Град Скопје со поддршка на Левица. Георгиевски вели дека тој е независен кандидат, но нема да собира потписи поради пандемијата на ковид-19, а неговата кандидатура ќе биде поднесена преку партијата Левица.

    Геогриевски, на денешната прес-конференција заедно со лидерот на Левица Димитар Апасиев, кажа дека не можел сега да најави големи проекти бидејќи не знаел со каков буџет ќе распола.

    „Јас не знам колку пари ќе ми бидат оставени во буџетот, затоа не сакам да ветувам нешто што потоа нема да може да се реализира“, рече Георгиевски.

    Лидерот на Левица Апасиев рече дека нивните анкети покажале оти Георгиевски ќе влезе во вториот круг на локалните избори за градоначалник на Скопје.

    СДСМ на претстојните избори ќе оди со актуелниот градоначалник Петре Шилегов, ВМРО-ДПМНЕ вчера соопшти дека ќе ја поддржи претседателката на Сојузот на стопански комори Данела Арсовска, која минатата недела најави канидатура како независна кандидатка и ги собра потребни потписи. Поранешната директорка на Државниот инспекторат за животна средина Ана Петровска е кандидат на иницијативата Зелен хуман град.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира