ПИРОТЕХНИЧАРИТЕ ОТСТРАНИЈА ЧЕТИРИ НЕЕКСПЛОДИРАНИ ГРАНАТИ ВО КАВАДАРЕЧКО

    ПИРОТЕХНИЧАРИТЕ ОТСТРАНИЈА ЧЕТИРИ НЕЕКСПЛОДИРАНИ ГРАНАТИ ВО КАВАДАРЕЧКОГранатите се надени при изградба на пат кај Фариш и на сепарација во Росоман. (Фото: СДК.МК)

    Четири експлозивни направи се најдени вчера на две локации во Општина Кавадарци, во 9,30ч кај село Фариш и во 10,30ч кај Росоман, соопшти Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС).

    „На 8 август, на трасата на изградба на магистралниот пат Градско-Дреново, кај селото Фариш пронајдена е артилериска граната од 105 мм, додека во сепарација кај Росоман пронајдени се две артилериски зрна од 105 и 82 мм и едно противавионско зрно од 30 мм“, вели Ефтим Митров, пиротехничар од ДЗС.

    Пиротехничар на ДЗС до 15,30 часот ги отстранил експлозивите. Од ДЗС велат дека на сепарациите кај Росоман често се пронаоѓаат неексплодирани гранати, најчесто од Прва светска војна.

    П. ПЕЧКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира