ПИТУ ГУЛИ СЕ УДАВИ ВО ЦЕНТАРОТ НА БИТОЛА

a:2:{s:16:"td_post_template";s:22:"single_template_civica";s:9:"td_source";s:45:"Битола,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ПИТУ ГУЛИ СЕ УДАВИ ВО ЦЕНТАРОТ НА БИТОЛА

    Езеро долго десетина метри проголта дел од улицата Питу Гули, на стотина метри од битолски Широк Сокак. Улицата, како што кажуваат жителите, била раскопана лани во октомври заради промена на водоводна и одводна инсталација и оставена четири месеци неасфалтирана. Топењето на снегот и дождот предизвикаа поплавување во пониските делови од улицата, а во повисоките минувачите се закопуваат во кал до глуждови. Отворени останаа и шахтите, а за да не пропадне некој, над дупката ставени се ивичници од раскопаната улица.

    На Питу Гули живеат стотина домаќинства (Фото: СДК.МК)

    На Питу Гули живеат стотина домаќинства (Фото: СДК.МК)

    „Почетокот на октомври сменија одвод и водовод. Си завршија работа, ни ги оставија дупките и си заминаа. Требало некој од Општината да потпише за да донесат десетина камиони чакал, зимава да легне чакалот, а на пролет да асфалтираат. Но, досега никој ништо не презел. Има стотина домаќинства кои живеат на оваа улица. Треба во гумени чизми да одиме иако сме во центарот на Битола . Погоре има градинка, на раце ги носат родителите дечињата , зимно време не можат да стигнат со возило до градинката“,  вели Љупчо Митревски, жител на улицата Питу Гули.

    Дел од  жителите со иронија велат „во конзулска Битола чамци и весла да земeме за да стигнeме до Широк Сокак“.

    „Зошто зафатот го презедоа во октомври, кога е повеќе од јасно е дека може да падне снег, да фати мраз и да не можат да асфалтираат?“, прашуваат битолчани.

    Од Општина Битола велат дека во декември постигнале договор со фирма изведувач, но поради временските услови асфалтирањето било одложено. Кога ќе се создадат услови улицата ќе биде асфалтирана.

    „Во конзулска Битола чамци и весла да земeме за да стигнeме до Широк Сокак“, велат жителите (Фото: СДК.МК)

    „Во конзулска Битола чамци и весла да земeме за да стигнeме до Широк Сокак“, велат жителите (Фото: СДК.МК)

    Питу Гули се дави во вода, а само пред неколку дена битолскиот градоначалник Владимир Талески на прес-конференција се пофали дека реконструирале и асфалтурале сто улици, па во 2017 година ќе санираат уште сто други.

    „Еден од поамбициозните проекти кои ги најавивме беше реконструкција, изградба, санација на сто улици. Тој проект е завршен и бројката е повеќе од сто. Можам веднаш да ви најавам дека ако можевме во претходните четири години да ветиме за реконструкција сто улици, во следната програма која ќе ја предложиме ќе бидат најмалку уште сто улици. Тоа е новината која е многу значајна за нашите граѓани“, рече Талески.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира