ПЛАЌАМЕ ДУПЛО ПОЕВТИНО ОД ПРЕТХОДНАТА ВЛАСТ ЗА ОБЕЗБЕДУВАЊЕ НА СРЕДНИТЕ УЧИЛИШТА, А ЦЕНАТА ЗА УЛИЦИТЕ Е ПОНИСКА ЗА 20 ОТСТО, ВЕЛИ ШИЛЕГОВ

    ПЛАЌАМЕ ДУПЛО ПОЕВТИНО ОД ПРЕТХОДНАТА ВЛАСТ ЗА ОБЕЗБЕДУВАЊЕ НА СРЕДНИТЕ УЧИЛИШТА, А ЦЕНАТА ЗА УЛИЦИТЕ Е ПОНИСКА ЗА 20 ОТСТО, ВЕЛИ ШИЛЕГОВРечиси двојно помалку пари оваа година се потрошени и за обезбедување на средните училишта кои се под надлежност на Град Скопје. Со тендерот во 2017 година кој го добила агенцијата за обезбедување „Секјурити груп сервис“ (СГС) од буџетот биле потрошени 11,8 милиони денари, а оваа година Градот платил 6,5 милиони на агенцијата „Никоб“.- (Фото: СДК.МК)

    Половина милион евра поевтино чини изградбата на втората фаза на булеварот Христијан Тодоровски Карпош во споредба со првиот дел за кој договорот го склучи минатото раководство на Град Скопје во 2016 година, вели скопскиот градоначалник Петре Шилегов. Заштеди, како што брифираше Шилегов, се направени и за реконструкција на булеварот Партизански одреди, за изградбата на велосипедски патеки, како и за обезбедување на училиштата.

    За изградбата на првиот дел на булеварот Христијан Тодоровски Карпош во должина од еден километар биле потрошени околу 2,2 милиони евра, а со тендерот за втората фаза кој завршил пред десетина дена на електронската аукција била постигната цена од 1,7 милиони евра. Градежните работи ќе ги изведува  истата компанија „Пелагонија“ Гостивар која го градеше и првиот дел.

    „За иста должина, со речиси ист опфат на градежни работи постигнавме речиси 22 отсто поевтина цена. Со тендерите пак за реконструкција на булеварот Партизански одреди, делот од улицата Рузвелтова до булеварот 8 Септември по километар чинел по 13 милиони денари. Со тендерот кој ги склучивме ние, за делницата од мостот Обединети нации до улицата Ацо Шопов еден километар ќе чини околу 11 милиони денари“, рече Шилегов.

    Речиси двојно помалку пари оваа година се потрошени и за обезбедување на средните училишта кои се под надлежност на Град Скопје. Со тендерот во 2017 година кој го добила агенцијата за обезбедување „Секјурити груп сервис“ (СГС) од буџетот биле потрошени 11,8 милиони денари, а оваа година Градот платил 6,5 милиони на агенцијата „Никоб“.

    Разлики во цените има и за изградбата на велосипедски патеки по главните булевари. Цената за еден километар зона за велосипедисти на булаварите Кирил и Методиј, Кочо Рацин и Климент Охридски лани биле плаќани од 130.000 до 180.000 евра. За разлика од тоа, годинава за километар на шесте изградени патеки на булеварите Борис Трајковски и Крсте Петков Мисирков, како и на улицата 11 Октомври се платиле од 26.000 до 48.000 евра. Поскапа била само патеката на булеварот Босна и Херцеговина која чинела 105.000 евра.

    „Просечната цена на еден километар велосипедска патека во 2017 година изнесувала 164.000 евра, додека годинава сме платиле во просек по 45.000 евра. Заштедата е голема и со овие цени кои ги постигнавме на тендерите ќе имаме пари да реконструираме многу поголем број на улици“, кажа Шилегов.

    А. АНТЕВСКА

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари