ПЛАТИТЕ ИСПЛАТЕНИ, ПРЕКИНАТ ШТРАЈКОТ НА ЖЕЛЕЗНИЧАРИТЕ, ОД ПОПЛАДНЕВО ВОЗОВИТЕ ПОВТОРНО СООБРАЌААТ

    ПЛАТИТЕ ИСПЛАТЕНИ, ПРЕКИНАТ ШТРАЈКОТ НА ЖЕЛЕЗНИЧАРИТЕ, ОД ПОПЛАДНЕВО ВОЗОВИТЕ ПОВТОРНО СООБРАЌААТЦели 12 дена железничкиот сообраќај беше во прекин (Фото: СДК.МК)

    Штрајкот на македонските железничари е прекинат и според најавите, првиот патнички воз кој треба да тргне е оној за Битола, кој од железничката станица во Скопје поаѓа во 14:30 часот. И натаму останува одлуката за максималната брзина на возење на делницата Скопје-Велес од 20 км/час.

    Вчера им беше исплатена втората половина од февруарската плата на вработените во МЖ Транспорт, по што претседателот на Синдикатот на машиновозачи Тони Димовски најави дека од утрово ќе профункционира железничкиот сообраќај. Но, прекинот продолжи, оти втората половина од февруарската плата не ја земале вработените во МЖ Инфраструктура. Откако претпладнево и на нивните сметки легнале парите, тие најавија дека го прекинуваат штрајкот и од попладнево возовите повторно ќе возат.

    Изминатите 12 дена повеќе фирми од Македонија трпеа поради прекинот на железничкиот сообраќај. Немаше ниту патнички возови, поради што жителите на велешките села Белештевица, С`лп, Карабуниште и Лавчани, кои ги користат железничките станици Рајко Жинзифов и Пчиња, беа отсечени од светот.

    П. ПЕЧКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира