ПЛОЧНИКОТ ПРЕД ЕСМ ЗАГРАДЕН СО СТОЛПЧИЊА ЗА ПАРКИНГ, ОД КОМПАНИЈАТА ВЕЛАТ ИМОТОТ Е НИВНИ И СЕГА Е ОСЛОБОДЕН ОД ВОЗИЛА

    ПЛОЧНИКОТ ПРЕД ЕСМ ЗАГРАДЕН СО СТОЛПЧИЊА ЗА ПАРКИНГ, ОД КОМПАНИЈАТА ВЕЛАТ ИМОТОТ Е НИВНИ И СЕГА Е ОСЛОБОДЕН ОД ВОЗИЛАОд компанијата велат дека станува збор за нивни имот, а не за јавна површина и затоа е ограден. (Фото: СДК.МК)

    Плочникот пред зградата на државната компанија ЕСМ, кај влезот на Градскиот трговски центар, е заграден со столпчиња и претворен во паркинг. На просторот веќе неколку дена се паркираат службените возилата, кои влегуваат преку Портата.

    Од компанијата велат дека станува збор за нивни имот, а не за јавна површина и затоа е ограден. На овој простор, како што велат од ЕСМ, досега незаконски се паркирале возила и камиони на граѓани и фирми со што се блокирале влезовите на зградата и просторот за пешаци.

    Со цел спречување незаконско паркирање пред влезот на седиштето на ЕСМ, на сопствено земјиште поставени се столпчиња за кое поставување не е потребно посебно одобрение од причина што се работи за внатрешно уредување на сопственоста. Пред да се уреди просторот, беше извршено и геодетско мерење со цел точно да се утврдат границите на парцелата во сопственост на АД ЕСМ“, велат од ЕСМ.

    Просторот кој сега е паркинг, од 2013 беше целосно заграден и затворен поради градежни дејности на фасадата на зградата која уште стои недовршена.

    Моментално, просторот е расчистен од возила и прооден за пешаци, обезбедено е непречено движење на лица со попреченост и овозможено е паркирање на велосипеди. Со спречување на недозволеното паркирање околу деловната зграда на АД ЕСМ се штитат интересите и на граѓаните кои секојдневно поминуваат и се движат низ строгиот центар на градот, и истото е во синергија со активностите на Град Скопје, Општина Центар и правните субјекти кои вршат регуларна дејност организирање на паркирање“, додаваат од ЕСМ.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира