ПО 10 ГОДИНИ ЗАТВОР ЗА ТРОЈЦА КАВАДАРЧАНИ ЗА УБИСТВОTO ПО РАСПРАВИЈА ВО КАЗИНО

    ПО 10 ГОДИНИ ЗАТВОР ЗА ТРОЈЦА КАВАДАРЧАНИ ЗА УБИСТВОTO ПО РАСПРАВИЈА ВО КАЗИНОВо кривичниот предмет немаше признание на вина и на обвинетите им е продолжен притворот бидејќи се прогласени за виновни, соопшти Основниот суд Кавадарци. (Фото: СДК.МК)

    Тројца кавадарчани се прогласени за виновни за убиството кое се случи пред казино во центарот на градот пред една година. Обвинети како сторители на убиството на П. Т. (43) се Д. Б. (27), М. Ѓ. (36) и Д. С. (28), сите од Кавадарци.

    „Кривичниот совет при Основен суд Кавадарци обвинетите за кривично дело Убиство од чл.123 ст.1 в.в со чл.22 од Кривичниот законик ги прогласи за виновни и ги осуди на казна затвор во траење од по 10 години за секој осуден. Во кривичниот предмет немаше признание на вина и на обвинетите им е продолжен притворот бидејќи истите се прогласени за виновни“, соопшти Основниот суд Кавадарци.

    Пресудата е првостепена, странките имаат право на жалба, која веќе е најавена од Основното јавно обвинителство (ОЈО) Кавадарци како незадоволно од изречената пресуда.

    Убиството се случи на 27 август 2025 пред 5 часот, кога тројцата обвинети со П. Т. имале вербална расправија во казиното. Потоа излегле надвор, физички го нападнале и го удирале со боксови и клоци по целото тело и глава. Тој се обидел да влезе во казиното, но изгубил свест. Со ударите му нанеле повеќе тешки телесни повреди. Тоа се случувало на заден влез од казино во центарот на Кавадарци, на улицата Никола Минчев. Нападнатиот од добиените удари починал на лице место. Кога за 15 минути дошла екипата на Итната помош, таа можела да констатира дека лицето е починато од повредите во главата.

    П. ПЕЧКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира