ПО 30 ГОДИНИ ШТИП ЌЕ ГРАДИ ГРАДИНКА

    ПО 30 ГОДИНИ ШТИП ЌЕ ГРАДИ ГРАДИНКАЛокацијата на новата градинка со капацитет за 200 деца во населбата Сењак (Фото: СДК.МК)

    По 30 години, Штип ќе добие нова градинка. Ќе биде изградена во текот на 2018 и ќе има капацитет за згрижување на 200 деца. Новата градинка ја најави градоначалникот на Штип Благој Бочварски, кој рече дека сега толкави се потребите затоа што околу 200 деца чекаат место за престој во градинка.

    „Градинката ќе се гради во населбата Сењак, за што веќе е изготвен проект и како објект од посебно значење веќе е внесен во ДУП. Вкупната инвестиција е 36,8 милиони денари. 16 милиони денари се безбедени од Источно-планскиот Регион преку програмата за рамномерен развој на локалните единици, а останатите средства ќе се обезбедат од буџетот на Општината и од Министерството за труд и социјална политика“, вели Бочварски.

    Новата градинка ќе биде осма во градот. Постојните седум се распоредени во сите населби. Новата градинка ќе биде урбано надополнување, затоа што ќе се гради во нова населба чија станбена изградба интезивно се шири.

    Т. ЈОВАНОВСКИ

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира