ПО 72 ЧАСА ИЗГАСНАТ ПОЖАРОТ КОЈ МУ СЕ ЗАКАНУВАШЕ НА ПЕЛИСТЕР

    ПО 72 ЧАСА ИЗГАСНАТ ПОЖАРОТ КОЈ МУ СЕ ЗАКАНУВАШЕ НА ПЕЛИСТЕРПожарот се појави на 29 август и се смета дека беше подметнат (Фото: СДК.МК)

    После 72 часа непрекината активност на терен и три непроспиени ноќи, изгаснат е пожарот во подножјето на Пелистер, соопштија од Националниот парк Пелистер. Оттаму велат дека стануваше збор за еден од најкомплексните пожари оваа сезона на територијата на Македонија, во шума каде што доминираат црн и бел бор.

    ,,И покрај неповолните временски услови, акцијата беше успешна благодарение на координацијата на сите институции кои беа вклучени: единиците на НП Пелистер, ТППЕ Битола и Ресен, механизацијата на јавните претпријатија од Општина Битола, ЈП ‘Стрежево‘, Огнените сили на ДЗС, ДПД ‘Архангел‘, ДПД ‘Кочани‘, хеликоптерите на Воздухопловниот ВИНГ на АРМ, ер тракторите на ДЗС и голем број приватни стопанственици и други доброволци, кои беа непрекинато на терен, без ниту една пауза во текот на целото деноноќие”, соопштија од Националниот парк.

    Пожарот се појави на 29 август на преспанската страна на Пелистер и се смета дека беше подметнат.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира