ПО ЧЕТИРИ ДЕЦЕНИИ, ОХРИД ПОВТОРНО ДОБИ СФЕРНИ ОГЛЕДАЛА НА УЛИЦИТЕ

    ПО ЧЕТИРИ ДЕЦЕНИИ, ОХРИД ПОВТОРНО ДОБИ СФЕРНИ ОГЛЕДАЛА НА УЛИЦИТЕСферни огледала се поставени на шест локации (Фото: СДК.МК)

    По речиси четири децении, на охридските улици се поставени сферни огледала.

    Првото и единствено вакво огледало беше поставено во 1980-ите на улицата Јане Сандански, на стотина метри пред езерото. Охриѓани тогаш, кога сакаа да се сретнат на позната локација, велеа „да се најдеме кај огледалото“.

    Пред повеќе години ова огледало мистериозно исчезна. Локалната власт сега одлучи повторно да постави сферни огледала, но многу помали од првото.

    Огледалата со кои се подобрува безбедноста во сообраќајот се поставени во Пештани на главниот пат веднаш до полициската станица, во Елшани над кампот „Елешец“, на пресекот на улицата Сирма Војдовода со улицата Карпош Војвода и на улиците Петрино, Прилепска и Крали Марко.

    Д. ЧУБРИЌ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира