ПО ДЕН И ПОЛ ИЗГАСНАТ ПОЖАРОТ ВО ЧАИР, ЌЕ СЕ УТВРДУВА ДАЛИ ЗГРАДАТА Е БЕЗБЕДНА ЗА ЖИВЕЕЊЕ

    ПО ДЕН И ПОЛ ИЗГАСНАТ ПОЖАРОТ ВО ЧАИР, ЌЕ СЕ УТВРДУВА ДАЛИ ЗГРАДАТА Е БЕЗБЕДНА ЗА ЖИВЕЕЊЕПожарот беше тежок за гасење поради големата количина чад и високата температура во подрумите во кои била складирана поголема количина запаливи материјали.(Фото: ЦУК)

    Пожарот во зграда во скопски Чаир е изгаснат утрово, после ден и пол горење. Како што велат од Центарот за управување со кризи (ЦУК), цела ноќ пожарот бил активен и на терен биле три пожарни возила од Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје.

    Околу 9.30 часот пожарот бил доизгаснат. Во моментот пожарот е комплетно изгасен, но состојбата со опожарениот дел на зградата и состојбата на становите во зградата допрва ке се утврдува“, велат од ЦУК.

    Пожарот беше тежок за гасење поради големата количина чад и високата температура во подрумите во кои била складирана поголема количина запаливи материјали.

    Четириесет и три лица станари во зградата беа хоспитализирани по пожарот. На Клиниката за токсикологија биле примени 31 пациент, од кои пет се задржани на болничко лекување, а на Клиниката за детски болести биле примени 12 деца, од кои две се задржани на лекување. Помеѓу хоспитализираните има и еден полицаец и еден пожарникар. Сите пациенти се во стабилна состојба.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира