ПО ДВЕ ГОДИНИ ПАУЗА СЕ ВРАЌААТ БЕСПЛАТНИТЕ ПАТУВАЊА СО ВОЗ ЗА МЛАДИТЕ И ПЕНЗИОНЕРИТЕ

    ПО ДВЕ ГОДИНИ ПАУЗА СЕ ВРАЌААТ БЕСПЛАТНИТЕ ПАТУВАЊА СО ВОЗ ЗА МЛАДИТЕ И ПЕНЗИОНЕРИТЕБесплатни патувања со воз, за млади и највозрасна група граѓани беа укинати во март 2020 година поради пандемијата на ковид-19. (Фото: СДК.МК)

    Владата ги врати бесплатни патувања со воз, за млади и највозрасна група граѓани, кои беа укинати во март 2020 година поради пандемијата на ковид-19. Бесплатниот превоз се враќа од 1 мај годинава, согласно возниот ред.

    „Со оваа мерка овозможуваме континуирана поддршка на граѓаните се со цел поттикнување на железничкиот сообраќај како најевтин и еколошки превоз“, соопштија од Владата.

    Бесплатен превоз на млади лица до 27 години ќе имаат секоја прва и трета недела во месецот, во период на викенд денови од петок од 12 часот, до понеделник до 12 часот. Патувањето се остварува со лична карта.

    Бесплатен превоз на стари лица, жени над 62 години и мажи над 64 години секој втор викенд во месецот, петок, сабота и недела. Патувањето се остварува со лична карта.

    Бесплатен превоз за студенти секој четврток патувањето се остварува со индекс и заверен семестар.

    Бесплатен превоз за сите ученици во средното образование и тоа еднаш неделно во среда. Патувањето се остварува со училишна легитимација.

    Ако првиот ден од месецот е во недела, прв викенд е наредниот. Во патничкиот железнички сообраќај веќе девет месеци не сообраќаат возовите од и кон Кичево и Кочани.

    П. ПЕЧКОВ

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира