ПO КОНТЕЈНЕРИТЕ, СЕ ПАЛАТ И ВИДИКОВЦИТЕ НА ВОДНО

    ПO КОНТЕЈНЕРИТЕ, СЕ ПАЛАТ И ВИДИКОВЦИТЕ НА ВОДНОУрната е дрвената конструкција, а потоа истата е кршена и палена.(Фото: Град Скопје)

    Видиковецот на врвот на Водно целосно е уништен од непознати сторители. На видиковецот кој се наоѓа на јужната страна на Водно, урната е дрвената конструкција, а потоа истата е кршена и палена.

    „Град Скопје апелира до граѓаните да ја чуваат и одговорно да се однесуваат со поставената урбана опрема во парк-шумата Водно и на сите други јавни површини во градот“, велат од Град Скопје.

    Изминатите месеци низ Скопје беа запалени 100 контејнери. Откако беа поставени новите контејнери веднаш неколку од нив беа уништени. Случаите на запалени контејнери се пријавени во Министерството за внатрешни работи, но досега ниту еден сторител не е најден ниту казнет.

     

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира