ПО ПОДОЛГО ВРЕМЕ ПОВЕЌЕ ИСПИШАНИ ОЗДРАВЕНИ ОД ПРИМЕНИ БОЛНИ ВО КОВИД-ЦЕНТАРОТ ВО БИТОЛА

    ПО ПОДОЛГО ВРЕМЕ ПОВЕЌЕ ИСПИШАНИ ОЗДРАВЕНИ ОД ПРИМЕНИ БОЛНИ ВО КОВИД-ЦЕНТАРОТ ВО БИТОЛАИма вкупно хоспитализирани 134 пациенти во Ковид-центарот во Битола. (Фото: СДК.МК)

    За првпат по подолго време, бројот на испишани оздравени пацинети од Ковид-центарот во Битола во едно деноноќие е поголем од бројот на примени позитивни на коронавирус чија состојба е влошена. Битолскиот е најголем Ковид-центар по скопскиот, каде има и најголем број на хоспитализирани болни од сите градови во внатрешноста.

    „Имаме вкупно хоспитализирани 134 пациенти во Ковид-центарот, примени се 11 нови лица, а испишан 25. По долго време, првпат имавме повеќе испишани од примени пациенти на дневна основа, но притисок сеʹ уште има врз болницата поради големиот број на хоспитализирани со ковид-19. Очекуваме од следната седмица да започне да опаѓа бројот на хосипитализирани, доколку се задржи трендот на помал број на новодијагностицирани позитивни пациенти на дневна основа во Битола“, рече директорката на Клиничката болница во Битола Билјана Гагачовска, напоменувајќи дека ова се утрински бројки кои во текот на денот се променливи.

    Во Битола во последните 24 часа починаа три лица на возраст од 64, 79 и 84 години. Иако бројката на заразени последните денови е намалена во однос на почетокот на април, кога секој ден се бележеа над сто новозаболени, сепак по Скопје во Битола има најголем бројот активни – 1.236. Само во текот на април од коворнавирус се заразиле 1.312 битолчани.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира