ПО ШЕСТ ДЕНА ПАУЗА ПОВТОРНО ТРГНА УТРИНСКИОТ ВОЗ ОД СКОПЈЕ ЗА ГЕВГЕЛИЈА, ОСТАНУВА ОГРАНИЧУВАЊЕТО НА БРЗИНАТА ОД 20 КИЛОМЕТРИ НА ЧАС ЗА ВОЗОВИТЕ ОД СКОПЈЕ ДО ВЕЛЕС

    ПО ШЕСТ ДЕНА ПАУЗА ПОВТОРНО ТРГНА УТРИНСКИОТ ВОЗ ОД СКОПЈЕ ЗА ГЕВГЕЛИЈА, ОСТАНУВА ОГРАНИЧУВАЊЕТО НА БРЗИНАТА ОД 20 КИЛОМЕТРИ НА ЧАС ЗА ВОЗОВИТЕ ОД СКОПЈЕ ДО ВЕЛЕСВозот тргнува во 6:23 часот, како и попладневниот од Гевгелија за Скопје кој тргнува во 16:55 часот. (Фото: СДК.МК)

    По шест дена пауза, од утрово повторно е во сообраќај патничкиот воз од Скопје за Гевгелија, кој тргнува во 6:23 часот, како и попладневниот од Гевгелија за Скопје кој тргнува во 16:55 часот, ни рекоа од ЈП МЖ Инфраструктура, без да одговорат зошто шест дена овој патнички воз не сообраќаше.

    Од ЈП МЖ Инфраструктура објаснија дека и натаму е во важност ограничувањето на брзината на возовите на релацијата Скопје -Велес и обратно. Причина е што во рокот, кој сами си го дадоа не успeале да извршат санација на оштетениот дел од пругата од Велес до Кадина Река.

    „Ремонтот на пругата Велес – Кадина Река не е завршен од причина што не дозволуваат временските услови поради високите температури не можат да се менуваат прагови и шини, бидејќи може да дојде до проширување на колосекот. Ремонтот ќе продолжи штом ќе дозволат временските услови и во период од неколку месеци ќе се оспособи пругата за поголеми брзини. Од наведените причини се уште важи одлуката за ограничување на брзината од 20 км/ч на дел од пругата Кадина Река – Велес“, додаваат од ЈП МЖ Инфраструктура.

    Поради реконструкција на оваа делница од железничка пруга, од 26 јуни до 10 јули во терминот од 8 до 14 часот немаше железнички сообраќај.

    Од почетокот на месецов, Македонски железници АД транспорт, укина десет железнички постојки- стојалишта. Причината е што нивната анализа покажала дека многу мал број патници ги користат за патување. Тоа се стојалиштеата Стоби, Смоквица, Нова Смоквица, Милетково, Пчиња, Кадина Река, Клисура, Згрополци и станицата „Даме Груев“. Додека на стојалиштето Ореше застанува еден од трите патнички воза кои таму минуваат кон Битола и еден кон Скопје.

    П. ПЕЧКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира