ПО ШЕСТ ДЕЦЕНИИ, РЕКАТА САТЕСКА СЕ ВРАЌА ВО СТАРОТО КОРИТО, ОХРИДСКОТО ЕЗЕРО ЌЕ СЕ СПАСИ ОД ГОЛЕМ ЗАГАДУВАЧ

    ПО ШЕСТ ДЕЦЕНИИ, РЕКАТА САТЕСКА СЕ ВРАЌА ВО СТАРОТО КОРИТО, ОХРИДСКОТО ЕЗЕРО ЌЕ СЕ СПАСИ ОД ГОЛЕМ ЗАГАДУВАЧВо 1961 година, со политичка одлука, без да се води сметка за загадувањето на Охридското Езеро, Сатеска беше пренасочена на ново корито

    По речиси шест децении, реката Сатеска, еден од најголемите загадувачи на Охридското Езеро, од идната година ќе се врати во старото корито, по кое течеше до 1961 година и повторно ќе се влева во Црн Дрим.

    Градоначалникот на Охрид, Јован Стојановски, го најави ова по средбата со раководителот на Секторот за соработка на делегацијата на Европската Унија, Никола Бертолини.

    „Овој проект е вистински напредок во правецот на зачувување на природната средина и на езерото. Со враќањето на Сатеска во старото корито, Охридското Езеро станува почисто и се ослободува од сите оние седименти, од азот и од фосфор, кои се негови главни загадувачи. Ние сме на прагот на донесување план за управување со целокупното сливно подрачје, кој се очекува да биде донесен на почетокот на 2019 година. Тоа ќе претставува основа за донесување на планот за управување со Охридското Езеро и со охридскиот регион во целина. Трите општини го поддржуваат проектот, а ја отвораме вратата во заштитата на регионот да влезе и четврта општина, Поградец во соседна Албанија”, изјави Стојаноски.

    Бертолини кажа дека овој проект е посебно важен за заштита на животната средина.

    „Овде, во регионот на Охрид и Струга, најдовме одлична комбинација на локална посветеност со интернационална поддршка. Многу често помагаме вакви проекти, затоа што животната средина е исклучително важен сегмент”, рече Бертолини.

    Според достапните податоци, Сатеска со политичка одлука, без да се води сметка за загадувањето на Охридското Езеро, во 1961 година беше пренасочена на ново корито. Оттогаш се влева во езерото и на вливот со години се гледа како носи со себе тони ѓубре.

    Д. ЧУБРИЌ

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира