ПО ШЕСТ ГОДИНИ ОД ПОЖАРОТ И ПОТРОШЕНИ 8,7 МИЛИОНИ ЕВРА ЗАВРШИ РЕКОНСТРУКЦИЈАТА НА ЗГРАДАТА НА ИНСПЕКТОРАТОТ ЗА ЕКОЛОГИЈА

    ПО ШЕСТ ГОДИНИ ОД ПОЖАРОТ И ПОТРОШЕНИ 8,7 МИЛИОНИ ЕВРА ЗАВРШИ РЕКОНСТРУКЦИЈАТА НА ЗГРАДАТА НА ИНСПЕКТОРАТОТ ЗА ЕКОЛОГИЈАЗа реконструкцијата на објектот, потпишани се 51 анекс-договор, со кои од првично предвидените 6,6 милиони евра со основниот договор се предвидени уште 2,1 милион евра. (Фото: К. Попов)

    Заврши реконструкцијата на зградата на Инспекторатот за животна средина поранешна Комерцијална банка, која се запали во 2020 година. По шест години објектот е завршен, тргнати се тарабите со кои се блокираше пешачката патека и пристапот до околните објекти.

    За реконструкцијата на објектот на Инспекторатот за животна средина, потпишани се 51 анекс-договор. Од првично предвидените 6,6 милиони евра со основниот договор, со новите анекси предвидени се уште 2,1 милион евра.

    Градежните работи ги изведуваше фирмата „Бауер БГ“.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира