ПОЧИНА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА ТЕТОВО И АМБАСАДОР АЛАЈДИН ДЕМИРИ

    ПОЧИНА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА ТЕТОВО И АМБАСАДОР АЛАЈДИН ДЕМИРИАлајдин Демири беше градоначаник на Тетово од 1997 до 1998 година

    Поранешниот градоначалник на Тетово Алајдин Демири почина вчера по краткотрајно боледување. Имаше 65 години.

    Демири беше градоначаник на Тетово од 1997 до 1998 година. Во 1998 заедно со гостиварскиот градоначалник Руфи Османи беше осуден на две години затворска казна поради  поради истакнување на знамето на Албанија пред општинската зграда. Ослободен беше со амнестија.

    Од 1973 до 1977  студирал социологија во Сараево. Работниот век го почнува како новинар во редакцијата на албански јазик на Македонската радио телевизија, бил и професор во средно училиште како и вработен во Градската библиотека. Од 1995 се вклучува во политика како член на Партија за демократски просперитет (ПДП). Подоцна, во 1997 како кандидат на Демократската партија на Албанците (ДПА) стана градоначалник на Тетово. Од 2000-2002 беше амбасадор на Македонија во Швајцарија, од каде беше повлечен поради возење во пијана состојба.

    Од 2001 работи на Универзитетот на Југоисточна Европа, каде како директор на Библиотеката „Макс Ван дер Штул“ се пензионираше годинава.

    З. АНДОНОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира