ПОЧИТ ШТО УГОСТИТЕЛИТЕ ВО БИТОЛА НЕ КРШАТ ПРОТОКОЛИ, НО ЌЕ ГИ ПРОВЕРИМЕ И ИНСПЕКТОРИТЕ, РЕЧЕ ДИРЕКТОРОТ НА ПАЗАРНИОТ ИНСПЕКТОРАТ ПАУНОВСКИ

    ПОЧИТ ШТО УГОСТИТЕЛИТЕ ВО БИТОЛА НЕ КРШАТ ПРОТОКОЛИ, НО ЌЕ ГИ ПРОВЕРИМЕ И ИНСПЕКТОРИТЕ, РЕЧЕ ДИРЕКТОРОТ НА ПАЗАРНИОТ ИНСПЕКТОРАТ ПАУНОВСКИНиз битолските локали може да се забележи дека во голем дел се почитуваат протоколите за работа, со мали исклучоци. (Фото: СДК.МК)

    Нема пријави за угостителските објекти во Битола дека ги прекршиле протоколите за работа, почит кон угостителите, но ќе провериме да не е нешто и до инспекторите, рече Стојко Пауновски директор на Државниот пазарен инспекторат.

    ,,Слободно можеме Битола да ја пофалиме дека во овие неколку дена немаме ни кривични, ни прекршочни пријави. Опомени има доста, но кривични пријави има во Скопје, Охрид, Струга, Струмица, Штип, Гостивар, Тетово. Битола за среќа нема, и ова е за почит кон угостителите. Тие или ги почитуваат протоколите или ќе провериме да не е нешто до инспектирите”, рече директорот на Пазарниот инспекторат на денешната прес-конференција.

    Инаку, низ битолските локали може да се забележи дека во голем дел се почитуваат протоколите за работа, со мали исклучоци.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира