ПОЧНА ДА СЕ ДАВА И ТРЕТА ДОЗА ВАКЦИНА ПРОТИВ КОВИД ЗА ДЕЦА ДО 12 ДО 18 ГОДИНИ

    ПОЧНА ДА СЕ ДАВА И ТРЕТА ДОЗА ВАКЦИНА ПРОТИВ КОВИД ЗА ДЕЦА ДО 12 ДО 18 ГОДИНИТрета доза вакцина за деца од 12 до 18 години се дава ако од втората доза има поминато најмалку шест месеци. (Фото: СДК.МК)

    Од средината на минатата седмица, Министерството за здравство дозволи и деца на возраст од 12 до 18 години да примат трета доза вакцина за заштита од коронавирусот. Оваа одлука доаѓа во пресрет на претстојните пролетни екскурзии на учениците.

    „Можеме со трета доза да вакцинираме деца од 12 до 18-годишна возраст, под услов ако од втората доза има поминато најмалку шест месеци“, кажа д-р Марина Тодоровска, координатор на вакцинација против ковид-19 во Велес.

    Вакциналниот пункт кој се наоѓа во просториите на Здравствен дом Велес, работи една година, започна на 31 март лани. Во овој период од 12 месеци аплицирани се 53.508 вакцини. Од нив прва доза се 24.110, втора 23.670 и трета доза 5.728 вакцини. Најмногу вакцинирани се со 26.407 се на „Фајзер“, 13.797 се на „Синовак“, „АстраЗенека“ се 7.097 и „Синофарм“ 6.207. Во Здравствениот дом се даваат вакцини за жителите на Велес и на соседните општини Лозово, Градско и Чашка.

    „Интересот за вакцинација е опаднат, аплицираме прва и втора доза на ‘Фајзер’ или ‘Синовак’ и трета доза ‘Фајзер’. Имаме и домашни посети за лицата кои не можат да примат вакцина во пунктот“,  вели д-р Тодоровска.

    Владата вчера ја укина мерката за задолжително носење маски во затворeни простории освен во здравствени домови, аптеки, јавни превозни средства (автобус, воз, авион, такси), установите за згрижување на стари лица и лица со посебни потреби, a ја поддржа препораката на Комисијата за заразни болести, маски во затворен простор да носат лицата над 65 години, хронично болните и лицата со намален имунитет. Владата одлучи и учениците од средните училишта да следат настава со физичко присуство без задолжително носење заштитни маски, а ќе може и да се организираат екскурзии и настава во природа во основните и средните училишта.

    П. ПЕЧКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира