ПОЧНА ИСПЛАТАТА НА КРЕДИТОТ ЗА КАСАРНАТА, БИТОЛЧАНИ ЌЕ ГО ВРАЌААТ ДО 2030 ГОДИНА

    ПОЧНА ИСПЛАТАТА НА КРЕДИТОТ ЗА КАСАРНАТА, БИТОЛЧАНИ ЌЕ ГО ВРАЌААТ ДО 2030 ГОДИНАБитолската градоначалничка Наташа Петровска деновиве изврши увид врз работата на терен во касарната. (Фото: СДК.МК)

    Новата локална власт во Битола годинава ќе го плаќа кредитот за инфраструктура во касарната што го подигна претходната локална самоуправа предводена од Владимир Талески и ќе ги гради улиците што тој не ги изгради иако ова му беше едно од најголемите изборни ветувања во неколку циклуси.

    Градоначалничката Наташа Петровска деновиве изврши увид врз работата на терен во касарната и на својот Фејсбук профил напиша дека со „исчезнати“ пари од комуналии за објекти итаат да ја забрзаат изградбата на инфраструктурата.

    „И таму се случуваат зафати. Отежнато ама организирано. Се работи на затворање на една функционална целина од улици, тротоари и осветлување. Ќе има отстапување од оперативниот план само во отворање можност да оние кои платиле комуналии имаат пристап до своите домови“, напиша Петровска.

    Речиси 10 милиони денари ќе треба да плати Општина Битола годинава за основица и камата за задолжувањето што го направи претходната власт. Ратата од кредитот стаса за наплата од годинешниот општински буџет.

    „Отпочнува отплатата на кредитот што претходната општинска власт го зеде за изградба на улици во касарната, откако парите од комуналиите беа потрошени за инфраструктура во индустриската зона „Жабени“. За враќање на основицата треба да се платат над 7,7 милиони денари и над 1,5 милиони денари за камати“, изјави градоначалничката Петровска.

    Кредитот беше земен во 2015 година од Светска банка како подзаем од Министерството за финансии. Општината и граѓаните ќе го плаќаат до 2030 година.

    Кај граѓаните има револт што платија комуналии, а сепак низ делови од касарната уште газат во кал. Еколозите пак, обвинуваат дека со проектот касарната да стане урбана населба, Битола изгуби голем зелен појас со зимзелени и други дрвја што беа исечени, а ќе придонесе за почист воздух.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира