ПОЧНА ИЗГРАДБАТА НА МОНТАЖНАТА КОВИД БОЛНИЦА ВО ШТИП

    ПОЧНА ИЗГРАДБАТА НА МОНТАЖНАТА КОВИД БОЛНИЦА ВО ШТИПМонтажната болница треб да се изгради до крајот на месецов. (Фото: СДК.МК)

    Во кругот на Клиничката болница во Штип почна изградбата на монтажната ковид болница. Напоредно се инсталира електричната водовидната и канализационата мрежа. Монтажната болница, која се подига на слпободниот простор над Детското оддление и новата зграда на Клиничката болница која се гради, ќе биде со капацитет од 50 кревети.

    Со неа ќе се растовари Кожното и Кардилошкото одделение, кои уште пред еден месец дел од својот простор отстапија и преадаптираа за потребите на болните со ковид-19. На овие одделенија и на Инфективното, бројката хоспитализираните цела седмица варира меѓу 50 и 60 пациенти.

    При последната посета на Штип, министерот Венко Филпче кажа дека монтажните болници во Штип, Струмица, Гевгелија и Струга се приоритетни и ќе бидат готови до крајот на месецов. Како што е најавено, тој утре во Штип ќе направи увид во работите околу монтажната болница.

    Т. ЈОВАНОВСКИ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира