ПОЧНА УРИВАЊЕТО НА ДИВОГРАДБАТА КАЈ „МАВРОВКА“

    ПОЧНА УРИВАЊЕТО НА ДИВОГРАДБАТА КАЈ „МАВРОВКА“Еден ден откако Владата го задолжи ЈП Македонија пат да ја отстрани градбата, денеска се урива само со еден булдожер и во моментов се уриваат носечките столбови на објектот. (Фото: СДК.МК)

    Со полициско обезбедување, утрово почна уривањето на дивоградбата кај „Мавровка“ во строгиот центар на Скопје, еден ден откако Владата го задолжи ЈП Македонија пат да ја отстрани градбата. Се урива само со еден булдожер и во моментов се уриваат носечките столбови на објектот.

    Сопственикот на објектот Мевљудин Алити, кој досега  се криеше и на надлежните два месеца им требаше да го откријат, најави прес-конференција во 11.30 часот пред објектот.

    Претходно вчера, МВР соопшти дека СВР Скопје- Единица за економски и компјутерски криминал до надлежното јавно обвинителство поднесе кривична пријава против М. А. (34) „заради постоење на основано сомневање дека пријавениот е сторител на кривично дело Бесправно градење по чл.244-а од КЗ на објект бесправно изграден на бул. Гоце Делчев на платото пред ДТЦ Мавровка“.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира