ПОД ПРИТИСОК НА ВМРО-ДПМНЕ, „ПУЦКО ПЕТРОЛ“ ПРЕСТАНА ДА ИСПОРАЧУВА ГОРИВО ЗА ЈСП ЗА ПАК ДА НЕМА АВТОБУСИ, ВЕЛАТ ОД ГРАД СКОПЈЕ

    ПОД ПРИТИСОК НА ВМРО-ДПМНЕ, „ПУЦКО ПЕТРОЛ“ ПРЕСТАНА ДА ИСПОРАЧУВА ГОРИВО ЗА ЈСП ЗА ПАК ДА НЕМА АВТОБУСИ, ВЕЛАТ ОД ГРАД СКОПЈЕОд Град Скопје велат дека ќе покренат соодветна постапка за материјална и кривична одговорност кои произлегуваат како последица од непочитување на договорот.(Фото: СДК.МК)

    Пуцко петрол“ престанал да испорачува гориво за автобусите на ЈСП Скопје, соопштија од Град Скопје. Во соопштението од Градот се вели дека сопственикот на „Пуцко петрол“ Асмир Јахоски е под притисокот од ВМРО-ДПМНЕ да престане со испорака на нафта за намерно да се создаде повторно хаос во градот со немање автобуси.

    Иако има активен договор со ЈСП за испорака на нафта, Асмир Јахоски од Пуцко петрол, соочен со обвиненија затворска казна и подложен на уцени ја прекина доставата.Истото уценетиот го направи и за предновогодишните празници, ги остава граѓаните да чекаат на ладно во зима и на жега во лето само да се задоволат суетните лидери. Граѓаните немаат трпение повеќе за политичките игри за предизборен дефокус на ВМРО, Управниот одбор на ЈСП кој го води ВМРО и Мицкоски заедно со Јахоски, кои сакаат да дефокусираат од штетата која му ја предизвикаа на ЈСП и Скопје во изминатите 4 години“, се вели во соопштението од Град Скопје.

    Од Град Скопје велат дека ќе покренат соодветна постапка за материјална и кривична одговорност кои произлегуваат како последица од непочитување на договорот за снабдување на ЈСП со нафта со што имаат цел автобусите на ЈСП да престанат да сообраќаат.

    Јахоски заедно со Ратко Капушевски, генерален директор на фирмата РКМ за трговија со енергенси и нафтени деривати, се осомничени за злоупотреби во набавки на мазут за ТЕЦ Неготино и перење пари. Според Обвинителството тие го оштетиле буџетот за 167 милиони евра.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира