ПОДГОТВЕНИ СМЕ ДА ГИ СПРОВЕДЕМЕ ПРЕПОРАКИТЕ ОД УНЕСКО, ВЕЛИ ЛОКАЛНАТА ВЛАСТ ВО ОХРИД

    ПОДГОТВЕНИ СМЕ ДА ГИ СПРОВЕДЕМЕ ПРЕПОРАКИТЕ ОД УНЕСКО, ВЕЛИ ЛОКАЛНАТА ВЛАСТ ВО ОХРИДВо рок од 10 дена ќе биде изготвен акциски план за спроведување на препораките на УНЕСКО (Фото: СДК.МК)

    Општина Охрид ќе ги преземе сите активности во согласност со законските прописи, со цел да се исполнат задолженијата кои Владата им ги додели на општините за подобро и поефикасно спроведување на препораките на УНЕСКО, велат од локалната власт во Охрид.

    Општинските надлежни служби ќе ги разгледаат законските можности во однос на владината препорака за прогласување на мораториум на градежните активности до донесување на Планот за управување со природното и културно наследство.

    „По налог на градоначалникот Георгиески, во рок од 10 дена ќе биде изготвен акциски план со роковник за спроведување на препораките на УНЕСКО. Веднаш потоа, овој план ќе биде ставен на дневен ред на седница на Советот на Општина Охрид. Во текот на целиот процес, локалната самоуправа ќе биде во постојана координација и комуникација со Министерството за транспорт и врски, Министерството за култура и Министерството за животна средина и просторно планирање, како и со останатите надлежни државни институции”, соопштија од локалната власт.

    Владата вчера донесе одлука да го повлече Законот за управување со природното и културното наследство во Охридскиот регион и им препорача на општините од регионот да прогласат мораториум на градежните активности до донесување на Планот за управување со природното и културно наследство.

    Д. ЧУБРИЌ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира