ПОДНЕСЕНО ОБВИНЕНИЕ ЗА УЗУРПАЦИЈА НА ИМОТ ЗА ЛИЦАТА КОИ НА ДИВО ПОЧНАА ДА ГРАДАТ ПАРКИНГ ВО ПОЛИКЛИНИКАТА „БИТ ПАЗАР“

    ПОДНЕСЕНО ОБВИНЕНИЕ ЗА УЗУРПАЦИЈА НА ИМОТ ЗА ЛИЦАТА КОИ НА ДИВО ПОЧНАА ДА ГРАДАТ ПАРКИНГ ВО ПОЛИКЛИНИКАТА „БИТ ПАЗАР“Од Обвинителството велат дека двајцата соизвршители заеднички со намера за владение зазеле недвижност во сопственост на државата. (Фото: К. Попов)

    Основното јавно обвинителство поднесе Обвинителен предлог за двете лице кои на диво почнаа да градат паркинг во поликлиниката „Бит Пазар“ за кривично дело – Узурпација на недвижности согласно член 225 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

    Како што се вели во соопштението на Обвинителството, двајцата соизвршители, на возраст од 45 и 42 години, заеднички со намера за владение зазеле недвижност во сопственост на државата, која со пропис е прогласена за имот во општа употреба со намера земјиштето да го упортребат за изградба на паркинг.

    Првообвинетиот ангажирал повеќе непознати лица да ја исечат металната ограда и да ја искршат бетонската конструкција за ограда од дворот на Јавната здравствена установа поликлиника Бит Пазар. Притоа, биле уништени и околните грмушки и дрва. Второобвинетиот со багер почнал да го рамни теренот каде осум камиони транспортирале градежен материјал – тампон, кој го растовариле во дворот на поликлиниката. Со багерот, вториот обвинет продолжил да го растура и рамни тампонот низ паркот на болницата до доаѓањето на полицијата“, се вели во обвинителскиот предлог.

    Надлежниот јавен обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за продолжување на определената мерка притвор за првиот обвинет, додека за второто обвинето лице на сила се определените мерки на претпазливост.​​

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира