ПОДРУМОТ ВО ГТЦ ЌЕ СТАНЕ ГАЛЕРИЈА НА ГРАФИТИ

    ПОДРУМОТ ВО ГТЦ ЌЕ СТАНЕ ГАЛЕРИЈА НА ГРАФИТИДваесетина млади уметници од вчера цртаат графити на бетонскиот ѕидот, за овој дел да добие еден поинаков изглед и да стане симбол на урбана и графити уметност (Фото: СДК.МК)

    Подрумот на Градскиот трговски центар (ГТЦ) во Скопје ќе стане галерија на графити. Дваесетина млади уметници од вчера цртаат графити на бетонскиот ѕидот, за овој дел да добие еден поинаков изглед и да стане симбол на урбана и графити уметност. Проектот под наслов „Градот убав“ го реализира Младинскиот културен центар (МКЦ), заедно со Град Скопје и ГТЦ.

    „Идејата овој простор да прерасне во галерија на отворено е на младиот архитект Филип Конески, а веднаш штом чувме за неа стапивме во контакт со него и почнавме активности за реализација заедно со Град Скопје и ГТЦ“, велат од Младинскиот културен центар (Фото: СДК.МК)

    „Идејата овој дел од градот да стане галерија на отворено е на архитектот Филип Конески. Поставување на галеријата токму во овој простор, според иницијаторот, е повторното враќање на автобуската постојка во рамките на подземната сообраќајница, односно повторно заживување на ГТЦ. Штом чувме за оваа идеја на Конески веднаш стапивме во контакт со него и почнавме активности за реализација. Беше распишан јавен повик на кој беа одбрани дваесетина локални уметници. Од вчера тие заедно со координаторот Филип, дури и по дожд цртаат графити кои ќе останат современо визуелно обележје на Скопје“, велат од МКЦ.

    Галеријата ќе биде отворена утре во 20 часот.

    А. АНТЕВСКА

     

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира