ПОЛИТИЧАРИТЕ ЌЕ МОЖАТ БЕСПЛАТНО ДА ВИСАТ НА БАНДЕРИ ВО БИТОЛА, АМА ПОВИСОКО ОД ТРИ МЕТРИ

a:2:{s:16:"td_post_template";s:22:"single_template_civica";s:9:"td_source";s:45:"Битола,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ПОЛИТИЧАРИТЕ ЌЕ МОЖАТ БЕСПЛАТНО ДА ВИСАТ НА БАНДЕРИ ВО БИТОЛА, АМА ПОВИСОКО ОД ТРИ МЕТРИ

    Електричните столбови во Битола не ретко служат како огласна табла за некролози, а од 21 ноември на нив ќе биди дозволено да се лепат и изборни плакати со кандидатите за пратеници на предвремените парламентарни избори.

    За разлика од некролозите кои граѓаните ги ставаат на висина од еден метар, плакатите со политичарите ќе висат на три метри. Советот на општина Битола веќе ја донесе одлуката каде ќе можат да се истакнуваат изборни плакати. Со одлуката меѓу другото, дозволено е без надомест плакати да се лепат на електрични столбови, но само на висина над три метри. Со ова политичарите ќе бидат поблиску до светилките.

    Изборни плакати забрането е да се лепат по телефонски и електрични кабли, како и на семафори.

    ispisan-i-asfaltot-vo-bitola

    Во минатото се агитираше дури и по асфалтот на битолските улици, каде некој со спреј го имаше испишано презимето на Иванов (Фото: СДК.МК)

    Избрани се најфреквентните локации во Битола каде политичките партии ќе можат бесплатно да ги рекламираат своите кандидати за пратеници преку истакнување плакати. Тоа е близина на пешачката зона кај Сааат кулата во центарот на Битола, на плоштадот „Гоце Делчев“, пред Офицерскиот дом и други места. Организаторите на изборната кампања ќе можат да поставуваат свои подвижни паноа, но под услов да не се попречува видикот на другите изборни материјали.  Нема да биде дозволено да се постават повеќе од три паноа на едно место од секој организатор на изборната кампања.

    Плакати можат да се лепат и по куќи и згради, само ако сопствениците тоа го дозволат. На оние на кои ќе им биде тесен определениот простор, за други локации ќе треба да платат по 15.000 денари за центарот на Битола, а 10.000 до 5.000 низ другите населби. Доколку некој не се придржува кон одлуката, ќе следуваат и казни.

    Оваа одлука е донесена овој пат да се внесе ред во уличното изборно ракламирање за разлика од минатите избори кога владееше вистински хаос.  Битола беше преплавена со плакати исполепени по автобуските постојки, крстосници, семафори и испишана со пароли дури и на објектите под заштита како што се Безистенот и Јени џамија. Се агитираше дури и по асфалтот на битолските улици, каде некој со спреј го имаше испишано презимето на Иванов и над него секојдневно минуваа возила.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира