ПОЛИЦАЕЦ, ПЕДИЈАТАР И ПРОФЕСОР ВО ТРКА ЗА ГРАДОНАЧАЛНИК НА ОХРИД

    ПОЛИЦАЕЦ, ПЕДИЈАТАР И ПРОФЕСОР ВО ТРКА ЗА ГРАДОНАЧАЛНИК НА ОХРИДНајсериозните кандидати за местото на Бакрачески. - Стевче Стевовски, Јован Стојановски и Митко Тилев

    Првпат во историјата на Охрид, полицаец ќе се трка за градоначалничката фотелја, а противкандидатите ќе му бидат професор и педијатар.

    Тоа е Стевче Стевовски, кој на локалните избори ќе ја испроба својата популарност кај охриѓани како независен кандидат. За истата функција ќе се борат и Јован Стојановски од СДСМ и д-р Митко Тилев од ВМРО-ДПМНЕ.

    Стевовски има долга полициска кариера, а во јавноста стана познат кога казни командир на охридската полиција за прекршок. После тоа, тој најави дека сака да се кандидира за градоначалник и во својата кандидатура најави бескруполозна борба против криминалот и корупцијата во Охрид, како и формирање на ефикасна општинска администрација.

    Појавата на Стевовски на политичката сцена на Охрид е своевиден социолошки феномен. Тој не само што доаѓа од редовите на полицијата, туку се кандидира без поддршка од ниту една партија, иако се надева на гласачите кои, традиционално, го даваат својот глас за СДСМ.

    Кандидатот на СДСМ, д-р Јован Стојановски, е професор на Факултетот за туризам и угостителство. Моментално е координатор на советничката група на СДСМ во Советот на Општина Охрид. Тој е еден од поистакнатите членови на огранокот, а своевремено во партијата дојде на препорака на бившниот градоначалник Александар Петрески.

    Д-р Митко Тилев, кој е кандидат за градоначалник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, до неодамна беше директор на болницата за ортопедеија и травматологија Свети Еразмо во Охрид, а беше и пратеник во Собранието од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

    Од ВМРО-ДПМНЕ порачуваат дека со овој кандидат ќе победеле уште во првиот круг.

    Д. ЧУБРИЌ

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари