ПОЛИЦАЈКА ПОВРЕДИЛА ЈАВНА ОБВИНИТЕЛКА ВО БИТОЛА ВО ОБИД ДА Ѝ ГО ОДЗЕМЕ ЗАПИСНИКОТ

    ПОЛИЦАЈКА ПОВРЕДИЛА ЈАВНА ОБВИНИТЕЛКА ВО БИТОЛА ВО ОБИД ДА Ѝ ГО ОДЗЕМЕ ЗАПИСНИКОТПо претходно недоразбирање околу записник за дадено сведоштво, полицајката почнала агресивно да се однесува и во обид да го одземе предметот, го искинала и ја повредила обвинителката. (Фото: СДК.МК)

    Јавната обвинителка Ж. К. Б., вработена во Основното јавно обвинителство во Битола, пријавила дека вчера околу 14 часот, додека била на работното место била повредена од полицајката С. К. Според полицискиот извештај, по претходно недоразбирање со С. К. околу записник за дадено сведоштво, С. К. почнала агресивно да се однесува и во обид да го одземе предметот, го искинала и ја повредила Ж. К. Б.

    С. К. е полицајка од СВР Битола, која не извршувала работна задача во критичниот момент. Од полициски службеници од Основен суд била отстранета од просториите на Обвинителството. Од полиција велат дека се работи на расчистување на случајот, по што ќе биде поднесена пријава за напад на слижбено лице.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира