ПОЛИЦИЈАТА ПО ТРИ ДЕНА ГО ПРОНАЈДЕ ЛИЦЕТО КОЕ ВОЗЕШЕ АВТОМОБИЛ ПО КАМЕНИОТ МОСТ ВО СКОПЈЕ И МУ ИЗРЕЧЕ ТРИ КАЗНИ

    ПОЛИЦИЈАТА ПО ТРИ ДЕНА ГО ПРОНАЈДЕ ЛИЦЕТО КОЕ ВОЗЕШЕ АВТОМОБИЛ ПО КАМЕНИОТ МОСТ ВО СКОПЈЕ И МУ ИЗРЕЧЕ ТРИ КАЗНИВозачот од Чегране се движел од правец на чаршијата кон плоштад Македонија (Фото: Фејсбук)

    Во петокот на социјалните мрежи се појавија фотографии на кои се гледа како автомобил „БМВ“ со гостиварски таблички се движи по Камениот мост во Скопје. По три дена потрага, полицијата соопшти дека го пронашла возачот и дека добил три казни за сторени сообраќајни прекршоци.

    „Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека вчера е санкциониран И. А. (68) од с. Чегране, Гостивар, кој со патничко возило се движел по Камениот мост во Скопје. Изречени му се мерки за движење спротивно на сообраќаен знак, паркирање во пешачка зона и за истечена важност на сообраќајна дозвола“, се вели во соопштението на МВР.

    Возачот од Чегране се движел со автомобилот од правец на чаршијата кон плоштад Македонија.

    Сличен инцидент се случи во декември 2020, кога жител на Арачиново со поголема брзина се движеше со „бентли“ по скопскиот плоштад, загрозувајќи ја безбедноста на граѓаните.

    З. АНДОНОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира