ПОПОЛНЕТ КАПАЦИТЕТОТ ЗА ПАЦИЕНТИ СО КОРНАВИРУС ВО БИТОЛСКАТА РЕГИОНАЛНА БОЛНИЦА, ОД УТРЕ ЌЕ СЕ ПРИМААТ ВО ОХРИД

    ПОПОЛНЕТ КАПАЦИТЕТОТ ЗА ПАЦИЕНТИ СО КОРНАВИРУС ВО БИТОЛСКАТА РЕГИОНАЛНА БОЛНИЦА, ОД УТРЕ ЌЕ СЕ ПРИМААТ ВО ОХРИДКлиничката болница во Битола е регионален центар за лекување пациенти со коронавирус од Југозападниот Регион, таму веќе се лекуваат 23 пациенти од кои најголем дел се од Охридско-Струшкиот Регион. (Фото: СДК.МК)

    Нема веќе место за сместување на болни со КОВИД-19 во Клиничката болница во Битола, која е регионален ковид центар, па од утре новите случаи ќе се носат во болницата во Охрид, рече министерот за здравство Венко Филипче.

    „Во Битола е исполнет капцитетот на одделението за КОВИД-19 зашто е регионален центар, сите пациенти од тој регион доаѓаат во Болницата. Сега од целиот регион пацинетите ќе се сметуваат во Охридската болница. Направена е целосна координација и спремно беше Инфективното одделение. Има добар план и добро се спроведува и не оставаме приод кој може да биде критичен, па да не знаат пациентите дали ќе се упатат на едно или на друго место“, рече Филипче.

    Клиничката болница во Битола е регионален центар за лекување пациенти со коронавирус од Југозападниот Регион. Директорката Билјана Гагачовска вели дека целосно пополнет е капацитетот на ковид одделот каде веќе се лекуваат 23 пациенти, од кои најголем дел се од Охридско-Струшкиот Регион.

    „Утрово имавме дваесет пациенти, но во текот на денот бројот се покачи на 23. Од нив, само еден пациент е од Битола и уште еден од Ресен, останатите се од Охридско-Струшниот Регион. Болните се во средно тешка состојба. Кај нас нема пациенти поставени на респиратори“, рече Гагачовска.

    Болницата во Битола, иако е регионален центар за пациенти заразени од КОВИД-19 и згрижува болни од почетокот на пандемијата, засега нема ни еден вработен здравствен работник заболен од вирусот.

    Во Битола денес нема новозаболени, болеста е во тек кај тројца битолчани, од кои само еден се лекува в болница. Вкупно, од почетокот на пандемијата до денес, се разболеа 30 битолчани, од кои две лица починаа, а 25 оздравеа.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира