ПОРАДИ ШТРАЈКОТ НА ЖЕЛЕЗНИЧАРИТЕ ОТСЕЧЕНИ ОД СВЕТОТ ТРИ ВЕЛЕШКИ СЕЛА, ДОБИЈА ПАКЕТИ СО ХРАНА

    ПОРАДИ ШТРАЈКОТ НА ЖЕЛЕЗНИЧАРИТЕ ОТСЕЧЕНИ ОД СВЕТОТ ТРИ ВЕЛЕШКИ СЕЛА, ДОБИЈА ПАКЕТИ СО ХРАНАВолонтерите од Црвен крст делницата од 15 километри од Велес до селата ја минале за час и пол, поради очајно лошиот терен. (Фото: СДК.МК)

    Поради штрајкот на железничарите, жителите на три велешки села осум дена се отсечени од светот. До селата С`лп, Карабуниште и Лавчани има земјен пат кој со години е во очајна состојба, па на селаните единствена врска со светот им е железницата, преку железничка станица Рајко Жинзифов и стојалиштето Пчиња.

    Тие побарале помош, по што волонтери од велешкиот Црвен Крст им дистрибуирале храна.

    „Во текот на вчерашното попладне, предадени беа 16 пакети со основни прехранбени производи. Од нив 14 за село С’лп и по еден за Карабуниште и Лавчани“, кажа Орце Николов, секретар на Црвен крст Велес.

    Делницата од 15 километри во еден правец од Велес до селата со возило на противпожарната единица ја минале за час и пол, поради очајно лошиот терен. Хуманитарна мисија на Црвен крст била помогната од Општина Велес.

    П. ПЕЧКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира