Вчера во скопската Зоолошка градина угина слоницата Дуња, која беше донесена во 2018.
„Слоницата имаше околу 60 години, а слоновите во просек живеат толку. Дуња имаше повеќе болести и дојде лекарски тим од Белгија за да ја прегледа, по што решија дека е подобро да се изврши евтаназија“, ни рекоа од Зоолошката.
Во септември во 2018, над 10.000 граѓани дојдоа во Зоолошка да ги видат новите жители, слониците Дуња и Даела.
До 2018, последен пат слон во градината во Скопје имало пред 26 години. За слониците Дуња и Даела беше изградено ново живеалиште со отворен и затворен дел.
М. ЏАРОВСКА