Поради струен удар на 110-киловолтен далновод, попладнево без напојување со електрична енергија останаа дел од постројките во РЕК Битола, меѓу кои и електростатскиот филтер на Блок 2.
„Производството на електрична енергија во АД ЕЛЕМ, Подружница РЕК Битола, продолжи непречено, но, за жал, во период пократок од еден час, електростатскиот филтер на Блок 2 беше надвор од функција. Неговата работа беше нормализирана за кратко време, а производството на електрична енергија во РЕК Битола продолжува непречено, според предвидената динамика и потребите на македонскиот електроенергетски систем“, соопштија од ЕЛЕМ.
Ж. ЗДРАВКОВСКА