ПОРАДИ СТРУЕН УДАР, РЕЧИСИ ЕДЕН ЧАС НЕ РАБОТЕШЕ ЕЛЕКТРОСТАТСКИОТ ФИЛТЕР НА БЛОК 2 ВО РЕК

    ПОРАДИ СТРУЕН УДАР, РЕЧИСИ ЕДЕН ЧАС НЕ РАБОТЕШЕ ЕЛЕКТРОСТАТСКИОТ ФИЛТЕР НА БЛОК 2 ВО РЕКПроизводството на електрична енергија во РЕК Битола продолжува непречено

    Поради струен удар на 110-киловолтен далновод, попладнево без напојување со електрична енергија останаа дел од постројките во РЕК Битола, меѓу кои и електростатскиот филтер на Блок 2.

    „Производството на електрична енергија во АД ЕЛЕМ, Подружница РЕК Битола, продолжи непречено, но, за жал, во период пократок од еден час, електростатскиот филтер на Блок 2 беше надвор од функција. Неговата работа беше нормализирана за кратко време, а производството на електрична енергија во РЕК Битола продолжува непречено, според предвидената динамика и потребите на македонскиот електроенергетски систем“, соопштија од ЕЛЕМ.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира