ПОРАДИ ЗАМАТЕНОСТ, ИНСПЕКЦИЈАТА ИМ ЗАБРАНИ СТРУЖАНИ ДА ПИЈАТ ВОДА ОД ЧЕШМА

    ПОРАДИ ЗАМАТЕНОСТ, ИНСПЕКЦИЈАТА ИМ ЗАБРАНИ СТРУЖАНИ ДА ПИЈАТ ВОДА ОД ЧЕШМАВо водата нема патогени бактерии, бидејќи таа се хлорира, но заматеноста е причина поради што стружани не треба да пијат вода од чешмите, велат од Центарот за јавно здравје. - Струга (Фото: СДК.МК)

    Инспекцијата за храна и ветеринарство од Струга денеска им забрани стружани да пијат вода од градскиот водовод поради големата заматеност. Според мерилата, водата може да се пие до 1,5 од НТУ стандардите, а таа сега таа е за речиси четири пати поголема.

    „Водата не смее да се пие сè додека инспекциските служби не дадат дозвола за тоа. Според првичните сознанија, заматеноста се јавила како резултат на големи дождови кои се влеваат во резервоарите за вода кај месноста Шум во близина на Охрид од каде што Струга главно се снабдува со вода. Јавното претпријатие „Про-аква” веќе пристапи кон чистење на резервоарите со вода и очекуваме до крајот на денов состојбата да се нормализира”, ни изјави директорот на Центарот за јавно здравје во Охрид, Сашо Точко.

    Точко вели и дека моментално во водата нема патогени бактерии, бидејќи таа се хлорира, но заматеноста е причина поради што стружани не треба да пијат вода од чешмите.

    Д. ЧУБРИЌ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира