Поскапе за 20 денари паркирањето во Градскиот трговски центар во Скопје. Според новиот ценовник кој е на сила од 1 февруари, еден час паркирање наместо 50 денари сега е 70 денари. Два часа паркирање чини 120 денари, а за секој нареден час се плаќа плус 50 денари.
Цената на изгубен билет е 1.770 денари , а на изгубена или оштетена магнетна картичка 2.360 денари.
Во ГТЦ повеќе не се издаваат хартиени билети за наплата туку пластифицирани картички, со што се намалуваат трошоците за хартија.