ПОСТАВЕН АПАРАТ ЗА ПЛАЌАЊЕ СМЕТКИ НА СКОПСКИ „ВОДОВОД“ ВО ГТЦ

    ПОСТАВЕН АПАРАТ ЗА ПЛАЌАЊЕ СМЕТКИ НА СКОПСКИ „ВОДОВОД“ ВО ГТЦАпаратот дава можност за преглед на фактурите и наплата со „мастер“ и „виза“ картички од сите банки.(Фото: Водовод и канализација)

    Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ Скопје постави апарат за наплата на сметки во Градскиот трговски центар (ГТЦ). Апаратот е поставен на влезот во трговскиот центар од страната на „Холидеј ин“ и на него има можност за преглед на фактурите и наплата со користење на „мастер“ и „виза“ картичките од сите банки. Досега вакви апарати се поставени пред зградата на претпријатието, во „Комунална хигиена“ и во „Тинекс“ маркетот после Мостот Близнак.

    „Како јавно претпријатие во служба на граѓаните, ја зголемуваме достапноста на нашите услуги за своите корисници. Изминатиов период овозможивме граѓаните онлајн да плаќаат сметки преку веб страната на претпријатието www.vodovod-skopje.com.mk и мобилната апликација“, велат од „Водовод и канализација“.

    Лани, претпријатието воведе и нов начин за читање на водомерите. Преку симнувањето на апликацијата на претпријатието на мобилен телефон, граѓаните можат со испраќање слика да ја приложат состојбата на водомерите во нивниот дом, без да им доаѓа инкасатор на врата. Оваа опција е достапна за физички и за правни лица, секој месец од 10-от до 16-от ден.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира