ПОТРАГА ПО 71-ГОДИШЕН СКОПЈАНЕЦ ВО ПРЕСПАНСКОТО ЕЗЕРО, СКОКНАЛ ПО ВЕСЛАТА КОИ ПАДНАЛЕ ВО ВОДАТА

    ПОТРАГА ПО 71-ГОДИШЕН СКОПЈАНЕЦ ВО ПРЕСПАНСКОТО ЕЗЕРО, СКОКНАЛ ПО ВЕСЛАТА КОИ ПАДНАЛЕ ВО ВОДАТАПолициски службеници и специјализирана нуркачка екипа од САЕ „Тигар“ преземаат мерки за пронаоѓање на исчезнатиот (Фото: СДК.МК)

    Во тек е потрага по М. М., 71-годишен скопјанец, кој вчера (8 август) скокнал во Преспанското Езеро кај Сливница, Ресенско, по паднати весла од чамецот и не излегол од водата.

    Во СВР Битола околу 12:30 часот било пријавено дека на брегот на езерото во село Сливница излегле двајца рибари, кои информирале дека во чамецот останале двајца други.

    Според пријавеното, околу 12:20 часот, едниот од нив, М. М. од Скопје, скокнал во езерото по веслата кои паднале во водата, но не излегол на површината. Другиот рибар останал во чамецот, кој поради ветерот се движел кон Крани и бил оддалечен околу 1.000 метри од брегот. Полициските службеници го затекнале Б. Ј. (71) од Скопје, кој го пријавил случајот.

    Полициски службеници и специјализирана нуркачка екипа од САЕ „Тигар“ преземаат мерки за пронаоѓање на исчезнатиот.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира