ПОВИСОКИТЕ УЛИЦИ ОД БИТОЛА ЗАТРУПАНИ ВО СНЕГ, ОД ОПШТИНА ВЕЛАТ ДЕКА СЕКАДЕ СЕ ЧИСТИ, НО ИМА МЕСТА КАДЕ НЕ МОЖЕ ДА СЕ ПРИСТАПИ ОД ПАРКИРАНИ ВОЗИЛА 

    ПОВИСОКИТЕ УЛИЦИ ОД БИТОЛА ЗАТРУПАНИ ВО СНЕГ, ОД ОПШТИНА ВЕЛАТ ДЕКА СЕКАДЕ СЕ ЧИСТИ, НО ИМА МЕСТА КАДЕ НЕ МОЖЕ ДА СЕ ПРИСТАПИ ОД ПАРКИРАНИ ВОЗИЛА Општината апелира да се повлечат возилата, па кога механизацијата ќе чисти да може да пристапи и таму. (Фото: СДК.МК)

    Битолчани кои живеат во посвисоките делови на градот, посебно во населбата Баир, велат дека им се потребни хеликоптери или жичници за да излезат од дома откако од вечера во Битола без престан врне снег и прекривката стигна околу 35 сантиметри.

    „Ние сме во отпишаните. Или на санки да се качиме и со санкање да слеземе во градот или, пак, да ни пратат жичница. Со години живеам на Баирот, а не паметам машина да поминала да ги исчити уличките. Ќе чекаме снегот да се стопи“, велат жители од населбата Баир.

    Други битолчани се жалат дека троарите се исчистени само во центарот на градот, а низ останатите населби не, па пешаците заедно со колите се движат на коловозот.

    Битолчани се жалат дека троарите се исчистени само во центарот на градот, а низ останатите населби не, па пешаците заедно со
    колите се движат на коловозот. (Фото: СДК.МК)

    Од Општина Битола соопштија дека се исчистени улиците од прв, втор и трет приоритет, но во населбите Баир има улици каде механизацијата не можела да влезе од паркирани возила. Апелираат да се повлечат возилата, па кога механизацијата ќе чисти да може да пристапи и таму. Слична ситуација велат дека има на дел од паркинзите во градот, каде не може да се исчисти од паркирани возила. Додаваат дека механизацијата цело време е на терен, но поради континуираните врнежи повторно се создава снежна покривка.

    Ваква зима во Битола немало повеќе години. Движењето по улиците е отежнато зашто дел од возачите иако има снег на коловозите се излезени со возила со летни гуми. Вчерва ќе има посебно метеж во сообраќајот, зашто битолчани  го слават празникот Василица вртејќи мазник со паре, па па скоро и да нема кафеана во градот каде не се резервирани масите за прославата.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира